Општина Берово во групата општини со високо ниво на отвореност
Согласно анализата на Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ), Општина Берово, годинава е во првите 8 општини, во Република Северна Македонија, со задоволително ниво на отвореност на општините и со 61.7 индексни поени. Во групата општини со задоволително ниво отвореност спаѓаат општините: Битола – 77.8, Валандово – 75.1, Крива Паланка – 75.0, Делчево – 70.6, [...]
✅️Во СТОКОМАК Маркет во Берово, поставена е и втората Повратна Вендинг Машина, од Пакомак.
Во СТОКОМАК Маркет во Берово, поставена е и втората Повратна Вендинг Машина, од Пакомак. Во неа може да се селектираат пластични шишиња од 0,33мл до 2л, како и алуминиумски лименки од пијалоци. За секоја селектирана амбалажа , добиваш 2 „зелени поени“, 1 поен од Пакомак и 1 поен од општина Берово. Собраните „зелени поени“ на [...]
Проширување на комуналната инфраструктура за селектирање на отпад
Преку поставување на 6 контејнери за собирање на електричен и електронски отпад, продолжуваме со проширување на мрежата за селектирање на различни видови отпад, на територијата на Општина Берово. Контејнерите се обезбедени во соработка со фирмата НУЛА ОТПАД ДОО Скопје и истата ќе ги превзема и ќе постапува со собраниот електричен и електорнски отпад и отпадни [...]
Креираме Буџет за 2024 година, по мерка на граѓаните! Одржана првата форумска сесија за давање предлози за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2024 година
На транспарентен начин, со присуство на голем број граѓани, од институциите, средношколската заесница, месните заедници и фирмите на локално ниво, денеска преку алатката Форуми во заедницата, во Берово, започна процесот на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2024 година. На денешната, прва форумска сесија, од проектниот форум, која се одржа во големата сала на [...]
Ј А В Е Н П О В И К за пријавување на заинтересирани лица за избор на член во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово со најмалку три години работно искуство од областа на правните работи
Предмет на јавниот повик Јавниот повик се објавува за пријавување на заинтересирани лица за избор на член во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово, со најмалку три години работно искуство од областа на правните работи. Јавниот повик можете да го превземете ТУКА. Пријавата по јавниот повик, можете да ја превземете ТУКА.
Реконструирана кровната конструкција на спортската сала во ООУ ,,Никола Петров Русински”, во с. Русиново
Во рамките на активностите за подобрување на условите за учење на учениците, извршена е промена на кровната конструкција на спортската сала во ООУ ,,Никола Петров Русински”, во с. Русиново - Берово. Се работи за реконструкција на стариот дотраен кров, на просторија во која се одвива наставата по физичко образование. Со реконструкција на овој објект, во [...]
П О К А Н А З А У Ч Е С Т В О Н А ПРОЕКТЕН Ф О Р У М
Ги покануваме жителите да учествуваат на проектен форум кој се спроведува од општина Берово. На форумските сесии присутните преку своето учество ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2023, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2024 година. Воедно присутните [...]
Дератизација во Берово на 31.10.2023 година
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Сл.весник на РМ 66/04, член 39 и член 42, како и согласно Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2023 година на Општина Берово, се известуваат жителите на Општина Берово дека денеска (вторник), 31.10 2023 година, на територијата на [...]
Во Берово извршени превентивни здравствени гинеголошки прегледи, на жени, од Ромска популација
Како дел од Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2023 година , за подигнување на јавната свест, во областа на здравството, во рамките на Проектот ,,Штип и Берово, заедно за подобрување на животот на Ромската заедница” , во соработка со Зелен Институт - Zelen Institut - Green Institute, Општина Берово , Општина [...]
Во Берово реализирана методско тактичко показна вежба во случај на пожар
Во рамките на програмските активности на ТППЕ Берово, денеска во Берово, е реализирана заедничка методско, тактичко-показна вежба, „Евакуација и спасување на повредени и загрозени лица од пожар”. Активноста ја организираа Територијалната-противпожарна единица, во соработка со основното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски"и тимот на ОВР Берово, Дирекција за заштита и спасување и тимот на итна медицинска помош. [...]