Category: Новости

Подобрување на патната инфраструктура во с. Ратево

Со средства од Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски, ќе се подобрува патната инфраструктура  во с. Ратево. Вчера, со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот Пекевски, го потпиша договорот за ,реконструкција на улица ,,Илинденска” во с. Ратево, која што е главна и најфреквентна улица во селото . Ќе се реконструира [...]

Советот на Општина Берово, донесе Одлука за утврдување на висината на надоместокот за закуп на тезги и штандови за саемскиот дел на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ 2023 година

Советот на Општина Берово на 32-та седница одржана на 20.07.2023 година, донесе О Д Л У К А за утврдување на висината на надоместокот за закуп на тезги и штандови за саемскиот дел наЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ 2023 година. Одлуката можете да ја преземете ТУКА . Графичкиот приказ на локации кои ќе бидат издадени под закуп, [...]

Градоначалникот Пекевски, оствари средба со Кристијан Демјански и Илија Цикарски, победници на шоуто ,,Пат до ѕвездите”

Денеска, во својот кабинет, градоначалникот Пекевски, оствари средба со Кристијан Демјански и Илија Цикарски, кои освоија прво и второ место на новото талент шоу ,,Пат до ѕвездите”. Од вкупно 32 натпреварувачи во шоуто, 3 натпреварувачи беа од Берово, а во финалето се натпреваруваа 8 финалисти, од  кои двајца беа нашите Кристијан и Илија и тие [...]

Ј А В Е Н П О В И К за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово

Врз основа на член 19 став 2 точка 28 од Статутот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“ бр.13/02, 18/07, 30/08, 20/10, 20/19, 47/21 и 30/23), а во врска со член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, [...]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИНИ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО БЕРОВО

Се известува населението на Општина Берово, дека заради реализација на активностите по проект ,, Реконструкција на филтер станица ” , на ден 24.07.2023 година (понеделник) , ќе има прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина.   Ви благодариме за разбирањето.   Од ЈПКР ,,Услуга” Берово

АПЕЛИРАМЕ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА

Почитувани граѓани, Како резултат на високите температури, нашата потреба за вода во овие летни, жешки денови се зголемува. За жал нерационалното користење на вода на одредени делови од градот и населените места, создава проблеми во одредени домаќинства, кои немаат вода за извршување на основните потреби. Затоа сакаме да апелираме до сите Вас, водата да ја [...]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИНИ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО БЕРОВО

Се известува населението на Општина Берово, дека заради реализација на активностите по проект ,, Реконструкција на филтер станица ” , на ден 18.07.2023 година (вторник) , можни се прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина. Ви благодариме за разбирањето Од ЈПКР ,,Услуга” Берово

Општина Берово, повторно во најтранспарентните општини во државата

Се наоѓа на високото 6 место, од сите 98 институции, (Владата, министерствата и општините), по исполнување на обврските за активна транспарентност, за 2023 година. Ова го покажува Индексот на активна транспарентност, изработен од страна на Центарот за граѓански комуникации, во редовното годишно рангирање на институциите. Според проактивното објавување на информациите од јавен карактер, во кое [...]

ОБЈАВА бр.01/2023 за давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање

Комисијата за спроведување на постапка задавање во закуп на недвижни и движни  ствари сопственост на Општина Берово, врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 37, 38, 39, и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите на во државна сопственост и стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република [...]

Заврши второто издание на Малеш Куп 2023, Берово испишува нова спортска страница

Низ прекрасна навивачка атмосфера, со огромен број на публика, синоќа во Берово,  заврши второто издание на турнирот во мал фудбал ,,Малеш Куп 2023″,  кој  го  организира  општинскиот клуб ,,Малеш”,  со поддршка од Општина Берово и локалните бизниси. Победник на турнирот, кој во регуларниот дел заврши без голови,  е екипата на „Борово Стебло – Тони и [...]
Горе