ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, денеска, достоиствено, го одбележа патрониот празник, посветен на ликот и делото на истакнатиот македонски војвода.

По тој повод, во училишниот двор, беше положено свежо цвеќе, пред спомен-обележјето на патронот.
Почит оддадоа делегации од училиштето, предводени од директорката, делегација на Општина Берово предводена од градоначалникот, како и претставници од училишната заедница.


Одбележувањето продолжи со свечена програма, во рамки на која, учениците, со поддршка на своите наставници, приредија прекрасна културно-уметничка изведба. Преку рецитали, музички настапи и други содржини, тие ја доближија историјата и херојството на Дедо Иљо Малешевски, до присутните.
















Во своето обраќање, директорката на училиштето, Наташа Аврамска, зборуваше за постигнатите успеси на учениците, посветеноста на наставниот кадар, како и за значењето на патронот, како симбол на храброст, истрајност и љубов кон татковината.
Настанот помина во свечена и достоинствена атмосфера, потврдувајќи ја посветеноста на училиштето, кон негување на традицијата и националните вредности.
