Денеска ја посетивме гостинската ликовна изложба, организирана во рамки на одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, која се одржа во просториите на Историско-етнолошкиот музеј во Берово.

Изложбата, организирана од Домот на културата „Димитар Беровски“ – Берово, во соработка со Општина Берово, ги претстави детските ликовни творби на тема „Цвеќе и детска недела“ изработени од страна на членовите на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица и нашите ученици.

Преку боите, креативноста и искреноста на детските дела, уште еднаш се потврди колку е важно да го негуваме детското творештво, културата и уметноста како дел од нашето културно наследство и дел од нашата иднина.Изложбата е отворена за сите посетители.






