Денеска, во Министерството за локална самоуправа, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, ги потпиша договорите за реализација на два значајни проекти за Општина Берово, кои ќе придонесат за подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните:
Реконструкција на крак 1 и крак 2 од ул. „15-ти Корпус“, за кој се одобрени 2.677.646,00 денари;
Оградување и партерно уредување на Депонија за градежен шут, на локалниот пат „Берово – Абланица-Црвен Брег,“ за кој се одобрени 443.539,00 денари.
Овие проекти, се одобрени од Министерството за локална самоуправа, во рамки на Повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, за 2026 година.
Изразуваме искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа, за поддршката и препознавањето на потребите на нашата општина.
Преку овие инвестиции, продолжуваме посветено да ја унапредуваме инфраструктурата , со побезбедни улици и патишта, поуредени јавни површини, подобра пристапност и поквалитетно секојдневие за сите граѓани
