Штедливи светилки низ улиците во Берово

Во рамките на Програмата за енергетска ефикасност, започна замената на градското осветлување во Берово.
Имено, старите улични светилки, се заменуваат со нови штедливи лед светилки, кои во значителна мера, ќе допринесат за заштеда на енергија.
Промената започна на ул.,,Маршал Тито” на потегот од кружниот тек, до полициската станица, а ќе продолжи на ул.,,Партизанска”.
Со реализација на овој проект, не само што ќе се подобри енергетската ефикасност, туку и значително ќе се подобри видливоста во вечерните часови и ќе се зголеми безбедноста на пешаците и возачите.
Паралелно со промената на уличните светилки на ул.,,Маршал тито”, извршено е и кастрење на сувите гранки, на дрвјата, кое нешто, ќе обезбеди безбедност на учесниците во сообраќајот, и голема прегледност, на влезот во Берово.
Од Буџетот на општина Берово, согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за оваа намена, ќе се потрошат 420.000,00 денари.
Горе