СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ- Учествувајте во донесувањето на одлуките на локално ниво

Се известуваат граѓаните на Општина Берово, дека во тек е подготовка на ПРЕДЛОГ Програмите за работа на општината во 2021 година, кои на седница на Совет ќе бидат дадени за усвојување, на почетокот на месец декември.
Заради настанатата состојба со пандемијата од КОВИД 19, во цела држава, па и кај нас, оваа година нема да организираме средби со граѓаните, преставниците на месните заедници и форуми во заедницата, кои собири веќе неколку години се вообичаена праксса, пред донесување на Буџетот на општината.
Од тие причини, а во интерес на зачувување на сопственото и колективното здравје, Ве повикуваме сите граѓани, граѓански организации, преставници на бизнис заесницата, месцни заедници, и сите заинтересирани, да дадете свој предлог за рализација, кој сметате дека е приоритетен да биде реализиран, во општина Берово, во соодветна писмена или електронска форма на меилот [email protected], најдоцна до 16.11.2020 година и да дадете свој придонес во донесувањето на одлуките на локално ниво.
Проектите ќе поминат низ соодветен процес на селекција, заради согледување на можноста за реализација, од имотно правен и урбанистички аспект, после што прифатливите проекти, ќе бидат дадени на онлајн гласање, по што дел од нив, за кои вие граѓаните ќе одлучите дека се приоритет, ќе бидат соодветно вметнати за реализација во Програмите и Буџетот на општина Берово за 2021 година.
Општина Берово
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Горе