ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово, набави нова ИТ опрема за унапредување на наставниот процес

Наставата во второто полугодие во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, започна да се одвива со подобрени услови за настава за учениците и наставниот кадар, со набавката на 18 нови лаптоп компјутер, кои ги содржат сите потребни технички карактеристики за непречено одвивање на наставата.

-Со задоволство можам да кажам дека деновиве е извршена набавка на нови 18 лаптоп-копјутери за унапредување на наставниот процес. Со оваа набавка, нашето училиште, е обезбедено со  соодветна ИТ-опрема за поуспешна реализација на наставниот процес. Дополнително за унапредување на наставниот процес се набавени и смарт табли. Средствата за набавка, се обезбедени од Буџетот на училиштето, изјави Сашко Корчовски,  директор во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.

Посочи дека од 1 окотмври, досега, онлајн-наставата се спроведува без некои големи пречки, се решаваат тековно сите  проблеми кои попатно настануваат, а училиштето од неодамна има и соодветна оптичка интернет-конекција.

Во училиштето паралелно се реалзиира и практична настава за вкупно  53 ученици од угостителско туристичка и текстилно кожарската  струка.

Горе