ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на Проектен координатор во рамките на Проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”

Општина Берово, во соработка со ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки”,   започнува со имплементација на Проект “Возврати со љубов, грижа и почит” кој е финансиран од Министерството за труд и социјална  политика, преку Светска Банка.

I. Краток опис на проектот

Проектот ќе понуди помош и нега во домашни услови, за стари и изнемоштени лица на територијата на Општина Берово и лица кои живеат во руралните населби,  вонинституционална грижа на ранливи категории граѓани и нивна интеграција во општеството.

Со проектот ќе бидат опфатени 60 стари лица, со место на живеење во градот (12 лица) и селските населби ( во 8 селски населби 48 корисници на услуги, во зависност од потребата) на општина Берово, кои: имаат над 65 години, нивните блиски се со место на живеење во друг град или држава, живеат сами без секојдневна грижа и нега која им е потребна,имаат лоши услови за живот, постои отсуство на редовни лекарски прегледи.

II. Цели на проектот

Подобрување на квалитетот на живот на старите луѓе  во руралните средини на територијата на општина Берово преку социјалната услуга – помош и нега на стари лица во домашни услови, како и овозможување достапни услуги за корисниците во нивното место на живеење.

III Работни задачи на проектниот координатор

Работниот ангажман на Проектниот координатор предвидено е да се одвива во период  за времетраење на воспоставување на услугата на  проектот, се до почеток на испорака на услугата, не повеќе од 5 месеци.

Работните обврски на проектниот координатор ќе бидат следните :

  • Да ги координира проектните активности, ресурсите, опремата и информациите поврзани со проектот
  • Постојано да го следи исполнувањето на проектните цели и барања, до воспоставување на услугата
  • Да изврши координација во изборот на негувател, од евиденцијата на достапни негователи во соработка со стручниот работник во ЈУ МЦСР Берово ;
  • Да се грижи услугата да се воспостави континуирано, во целост и квалитетно во согласност со дијагнозата и потребите на корисникот, преку непосреден увид во домот на корисникот, најмалку еднаш месечно;
  • Да води тековна и уредна документација за сите активности при воспоставувањето на услугата;
  • Да се грижи услугата да се воспостави во недискриминаторска средина;
  • Да остварува контакти со потенцијалните корисници, членовите на нивните семејства и водителот на случајот во однос на давањето на услугата;
  • Да ги подготвува дневниците за работа на негувателите;
  • Да организира координативни состаноци, еднаш неделно, заради дискусија за сите околности кои влијаат врз воспоставувањето и давањето на услугата;
  • Да спроведува внатрешни процедури за проценка на задоволството на корисниците; и
  • Да подготвува месечен извештај за активностите поврзани со воспоставувањето на услугата.
  • IV. Квалификации на проектниот координатор
  1. Завршено високо образование, – социјален работник, психолог, специјален едукатор или друг работник од општествено хуманистички науки
  2. Да е државјанин на Република Северна Македонија
  3. Предност ќе имаат невработени лица
  4. V. Договор и обврска за известување

Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот, ќе бидат уредени со Договор за  дело.

Ангажираниот проектен координатор ќе има обврска да доставува месечни извештаи за изработените работни задачи.

VI.Времетраење на ангажманот и исплата на финансиските средства

Работниот ангажман на Проектниот координатор   предвидено е да се одвива во период  за времетраење на воспоставување на услугата на  проектот, се до почеток на испорака на услугата, но не подолго од 5 месеци.

Финанскиските средства за ангажирање на Проектниот координатор, во рамките на Проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”, се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика , во соработка со Светска Банка.

 

VII. Документи за пријавување

– Кратка биографија.

– Мотивациско писмо,

– Документи кој ќе го потврдат степенот на завршено образование,  согласно точка 4 од овој повик.

-Уверение за државјанство

VIII. Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во точка 4 од овој повик, потребно е да ја достават потребната докумантација во електронска верзија на е-пошта [email protected] , или во печатена верзија (лично преку архива или по пошта) до Општина Берово , ул.,,Димитар Влахов” бр.10, 2330 Берово, со назнака за: Повик за проектен координатор за проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”.

Рокот за аплицирање е од 21.01.2021 до 27.01.2021 година до 15.30 часот.

Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите коишто ги исполнуваат условите.

 

Општина Берово                                                                                    ОЈУСЗСЛ,,Др. Иван Влашки”

Градоначалник                                                                                                Директор

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ                                                                       Живка Бојчовска Каламадевска

Горе