ОСУ ,,Ацо Русковски”, садеа дрвја како завршна активност по Проект ,,Патека на мирот”

Ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски”, садеа дрвја, со кои симболично ја градеа ,,Патеката на мирот”,  во рамките на завршните активности по истоимениот проект,  финансиран од RYCO (Регионална канцеларија за младинска соработка).

Носители на проектот се: средно училиште од Корча, Албанија и фондација Ivanaj Foundations of New York and Tirana.

Учениците засадија дрвја во Берово, Кавадарци и Охрид и со тоа ја градеа патеката на мирот.

На ова му претходеа 6 on line работилници, на кои учествуваа 10 ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски” и исто толку ученици од Албанија и Косово.

Учениците заеднички работеа на теми од екологијата и заштитата на животната средина, при што имаа можност да се стенкнат со многу нови знаења и да разменуваат искуства и да се запознаат меѓусебно преку ZOOM апликацијата, при што беше водено грижа за запазување на мерките за заштита.

Целта на овој проект, е  вмрежување  на земјите од западен балкан, воспоставување комуникација, со акцент на младите , нивно поврзување и дружење.

Во проектот се вклучени 6 земји: Македонија, Албанија , Црна Гора, Србија,  Косово и Босна и Херцеговина.

Преку истата организација, ОСУ ,,Ацо Русковски”, во партнерство со средни училишта  од  Гостивар, Црна Гора и Босна и Хервеговина, ќе реализира уште еден проект,  ,,Мирот почнува со насмевска”, во кој Берово ќе биде носител.

Горе