Category: Вести

Етно Плоштад Фестивал во Берово – Фестивал кој не треба да го пропуштите

Во пресрет на големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“ - Голема Богородица (28ми Август), Берово секоја година во последниот викенд од месец Август е жариште на културниот бран во Берово,  кој ги обедини сите, кои уживаат во мелоритмот на етно музиката, вклопени во еден од најголемите фестивали на отворено во Македонија и пошироко - [...]

Прослава на големиот хриситијански празник ВЕЛИГДЕН

Традицијата на прославата на еден од најголемите Христијански празници „Велигден“, Општина Берово, секоја година се одбележува со организација на голема Велигденска прослава на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово. Најголемо внимание на прославата привлекуваат изборот на најубаво декорирано јајце и изборот на најцврсто Велигденско јајце,  кои од  Буџетот на општина Берово, добиваат пригодна парична награда. Неизоставен [...]

КАРНЕВАЛ ,,Ратевски бамбурци” с. Ратево 20 Јануари- св. Јован

Длабоко во пазувите на Малешевските Планини, во срцето на Малешево, чука духот на традицијата, чука духот на предците... КАРНЕВАЛ ,,Ратевски бамбурци”  е отсликување на традиција, која е стара 600 години и за која маските се подготвуваат во текот на цела година. Со страшни маски против злите души, со црни прсти против страшни болести, со силен [...]

Владимерски илинденски средби с. Владимирово 2 Август ,,Илинден”

Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте”, во беровското село Владимирово, секоја година, за празникот ИЛИНДЕН, се одржуваат ,,Владимерски илинденски средби”, под организација на истоименото здружение . Низ многу песни и ора, со зурли и тапани и богата културно уметничка програма, деновите околу Илинден,  с Владимирово е центар на културните [...]

Трујчинденски русински средби св.Тројца

За празникот св. Тројца, во с. Русиново се одржуваат ,,Трујчинденски русински средби” , кога с. Русиново е преполно со народ а на сред село, на делеку се слушаат зурлите и тапаните. Многу народ, се собира во центарот на с. Русиново, кога жителите, но и многу гости, традиционално го слават големиот празник ,,Света Троица”. Од пред [...]
Горе