Паркот кај комплекс ,,Стара гимназија” е исчистен, благодарност до нашиот сограѓанин Димитар Гошевски за реакцијата

Почитувани граѓани на општина Берово, ценети посетители и туристи,

 

Вчера бевме сведоци на една многу неубава слика, на расфрлано ѓубре, насекаде по детскиот парк, кај комплексот ,,Стара гимназија”.

На реакцијата на социјалните мрежи на нашиот сограѓанин Димитар Гошевски, службите на ЈПКР ,,Услуга” –Берово, денес,  темелно го исчистија теренот.

Овој период, општина Берово , дополнително ангажира 20 лица, за јавни работи, со цел да го подигнеме нивото на јавна чистота и Берово да биде еколошки чисто градче, пријатно место за живеење и примамлива, атрактивна туристичка дестинација.

Апелираме до сите граѓани и посетители,  не само на оваа локација, туку и насекаде во градот: Заедно да ги победиме лошите навики и несовесното однесување кон животната средина, да ја чуваме природата и да го фрламе отпадот онаму каде што му е местото.

Горе