Општина Берово започна со кастрење на дрвјата на јавна површина
Во пресрет на пролетта, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” , започна со кастрење на дрвјата на јавни површини. Притоа, со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, а во престојниот период ќе се продолжи, секаде каде што е потребно. Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, прегледност во [...]
Градоначалникот Пекевски, упати честитка по повод 8 Март до сите жени
Почитувани, На овој посебен ден за Вас, Ви упатувам најискрени честитки по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Од срце ви посакувам, да сте среќни, не само денес, туку секој ден во годината, да Ви биде исполнет со љубов, хармонија и самодоверба. Бидете горди што сте жени и продолжете да се борите за [...]
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, по повод светскиот ден на енергетската ефикасност, со прес на тема Енергетска ефикасност
Почитувани граѓани, почитувани новинари Повод за денешната прес конференција е светскиот ден на Енергетска Ефикасност, кој на глобално ниво, се обележува повеќе од 20 години, а тоа е добра причина да се потсетиме на клучните проекти и политики, во оваа област, во изминатиот период. Наша цел е да ја направиме подостапна примената на новите технологии [...]
Одржан состанок со лицата кои ќе бидат ангажирани во проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска, одржа состанок со лицата кои ќе бидат ангажирани во проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”. Во проектот ќе бидат ангажирани 23 лица, од кои 1 проектен координатор, 1 асистент на проектниот координатор, 1 возач и 20 даватели на услугата, кои ќе се грижат за вкупно 60 лица [...]
Одржани состаноци со одборите на месните заедници и црковните одбори од с. Мачево и с. Смојмирово
Градоначалникот Звонко Пекевски и директорот на ЈПКР ,,Услуга” од Берово,Илија Рунтевски, вчера беа на состаноци со одборите на месните заедници и црковните одбори во с. Мачево и с. Смојмирово. Беа истакнати потребите на жителите на овие села, за решавање на одредени проблеми од комуналната сфера, околу одржување на гробиштата и понатамошната меѓусебна соработка. Договорена е [...]
Известување за инфо ден по распишан повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година
Се повикуваат сите Здруженија на граѓани и фондации, кои се заинтересирани за аплицираат на распишаниот јавен повик за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2021 година, да присуствуваат на инфо денот, кој го организира Општина Берово и Комисијата за финансирање, Буџет и ЛЕР при Советот на Општина Берово, за подетални информации за [...]
Одржани состаноци со одборите на месните заедници и црковните одбори од с. Будинарци и с. Митрашинци
Градоначалникот Звонко Пекевски и директорот на ЈПКР ,,Услуга” од Берово,Илија Рунтевски, вчера беа на состаноци со одборите на месните заедници и црковните одбори во с. Будинарци и с. Митрашинци. Со жителите од двете села, разговарано е за потребите на жителите на овие села, за решавање на одредени проблеми од комуналната сфера, околу одржување на гробиштата [...]
Градоначалникот Пекевски оствари средба со беровскиот starboy
Културниот развој на Берово, туризмот, развивање на спортскиот дух, беа темите на кои разговараа Градоначалникот Пекевскии и беровскиот starboy, на состанкот во кабинетот на градоначалникот, кој што беше организиран во рамките на активностите од областа на културата. Заедно со претседателот на фудбалскиот клуб во Берово ОФК МАЛЕШ, Новица Печински,тие разговараа на неколку важни теми, околу [...]
Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со Директорот на Агенција за исселеништво Слободан Близнаковски
Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, оствари работна средба со Директорот на Агенција за исселеништво, Слободан Близнаковски и раководителот на Секоторот за одржување и унапредување на врските со исселеништвото, информирање и културен развој на исселениците, Билјана Костова. На средбата е разговарано за иницијативите и можностите за соработка помеѓу Агенцијата за исселеништво [...]
ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општина Берово за 2021 година
Врз основа на член 49 став 1, 2 и 3 од Законот за здруженија и фондации ("Службен весник на Република Македонија" бр.52/2010 и 135/2011), член 36 од Законот за локална самоуправа и член 19 од Статутот на Општина Берово (Сл.гласник на Општина Берово бр.13/02,18/07, 30/08, 20/10 и 20/19), а во согласност со усвоената Програма за [...]