Category: Вести

Советот на Општина Берово, во петок на 24.11.2023 година, ќе ја одржи својата 38-ма Седница

Советот на Општина Берово, на ден 24.11.2023 година (петок) во салата за состаноци на Општина Берово на ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово, со почеток во 08:00 (осум) часот, ќе ја одржи 38-мата Седница на Совет, со следниот: Д н е в е н   р е д:   Записник од 37-та седница на Совет на [...]

Одбележана неделата на грижа за стари лица

Под мотото ,,Ние сме нивни деца”,  во периодот од 20-24 ноември, во Берово се одбележува Неделата за грижа за стари лица. Корисниците од Домот за стари во Берово, денеска ги посети Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој посака, секој ден да расте грижата за старите лица, секојдневно да се грижиме за подобрување на условите [...]

ООУ ,,Никола Петров Русински” го одбележува патрониот празник

Пред бистата во училишниот двор на ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново, денеска се одбележува 148 годинишнината од раѓањето на Македонскиот борец Никола Петров Русински. Се поклонивме пред неговата биста и положивме цвеќе, во знак на висока почит на македонски патриот, револуционер и борец за национална и социјална слобода на Македонија и еден од [...]

ИЗВЕСТУВАЊЕТО за поднесено Барање за утврдување на тарифи за водни услуги за регулиран период 2024-2026 година на ЈПКР Услуга Берово

 Ве известуваме дека  ИЗВЕСТУВАЊЕТО  за поднесено Барање за утврдување на тарифи за водни услуги за регулиран период 2024-2026 година на ЈПКР Услуга Берово, во прилог на овој допис, е поставено на веб страницата на  Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија https://erc.org.mk/.  Соопштение ЈПКР УСЛУГА БЕРОВО [...]

Интерактивно и визуелно уредување на просториите во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“

ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, постојано се грижи за унапредување на условите за учење на учениците, па така изминатиот период, работеше на интерактивно и визуелно уредување на просториите во училиштето. Со цел да се збогати училишната средина и да се подобри визуелната атрактивност,во училиштето, дел од прозорците во холови и неколку училници, добија нов изглед со [...]

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Ги  покануваме жителите да учествуваат на проектен форум кој се спроведува од општина Берово.   На форумските сесии, присутните преку своето учество, ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2023, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2024 година. Воедно [...]

Започна реконструкцијата на улица во с. Смојмирово

Преку средства од Биро за регионален развој, започна реконстукцијата на улица, која води до селските гробишта до с. Смојмирово. Ќе се реконструира улицата, на потег од црквата до селски гробишта , во  должина од околу 540 метри, со широчина од 2 до 3 метри и конечно ќе се заокружи поголема целина на патна мрежа, во [...]

Започнуваме со реализација на проект за новогодишно украсување на Берово.

Со светлечки украси, се китат централното градско подрачје и главната улица, на влезот во Берово. Светлечки украси се поставуваат на градскиот плоштад , а наскоро, ќе биде поставена новогодишна елка и светлечки тунел, кок ќе ја надополнат новогодишната атмосфера. Целосното украсување треба да биде заокружено во наредните неколку денови, по што Берово, како туристичка дестинација, [...]

Берово е домаќин на 44-тата МАКИНОВА 2023 и 21-вата ЕКОНОВА 2023

По  повод Светскиот ден на науката,  во периодот од 10-11 ноември, ОСУ ,,Ацо Русковски”, од Берово,  е домаќин на Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво,  44-тата по ред, МАКИНОВА 2023 и 21-вата, ЕКОНОВА 2023, во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори [...]

Општина Берово во групата општини со високо ниво на отвореност

Согласно анализата на Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ), Општина Берово, годинава  е во првите 8 општини, во Република Северна Македонија, со задоволително ниво на отвореност на општините и со  61.7 индексни поени. Во групата општини со задоволително ниво отвореност спаѓаат општините: Битола – 77.8, Валандово – 75.1, Крива Паланка – 75.0, Делчево – 70.6, [...]
Горе