БИДИ АКТИВЕН! УЧИЛИШТЕН СПОРТСКИ ДЕН ВО БЕРОВО

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на спортот, под покровителство на Министерството за спорт на Република Северна Македонија, преку глобалната кампања #BeActive, Општина Берово, во соработка со ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и ОСУ „Ацо Русковски“, организира Училиштен спортски ден.

Целта на оваа спортска манифестација е да се промовираат здравите животни навики, да се поттикне физичката активност кај младите и да се негува спортскиот дух, дружењето и заедништвото.

Ги покануваме сите ученици, наставници и љубители на спортот да ни се придружат и заедно да испратиме силна порака за важноста на активниот начин на живот!

📅 Датум: 24.09.2026 година (четврток)

⏰ Време и локации:

🔹 ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово

⏰ 11:00 часот

Во настанот ќе бидат вклучени и учениците од ООУ ,,Никола Петров Русински”

📍 Училишниот двор

🔹 ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово

⏰ 10:00 часот

📍 Училишниот двор и спортската сала „Македонски бранители“

Подгответе ја вашата спортска опрема, понесете позитивна енергија и бидете дел од заедничката спортска приказна!

Биди активен! Берово спортува! #BeActive

Горе