ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 23 извршители (даватели на услуги) во рамките на социјалната услуга “Помош и нега во домот”

Врз основа на Договор , склучен помеѓу  Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Берово и ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки”, Правилник  за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот (Службен весник на РСМ бр. 268/19, 198/21 и 75/23), ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки”, во соработка со  Општина Берово  распишува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на 23 извршители (даватели на услуги) во рамките на

социјалната услуга “Помош и нега во домот”

 

  1. ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” има потреба од ангажирање на 23 извршители (даватели на услуги), за потребите на социјалната услуга “Помош и нега во домот”

и тоа:

  1. 20 негуватели на стари и изнемоштени лица во домашни услови
  2. 1 возач на цело работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно
  3. 1 асистент на координаторот на проектот на цело работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно
  4. 1 хигиеничарка на проектот на цело работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно
  5. Опис на проектот (социјална услуга помош и нега во домот)

Услугата ќе понуди помош и нега во домашни услови, за стари и изнемоштени лица на територијата на Општина Берово и лица кои живеат во руралните населби,  вонинституционална грижа на ранливи категории граѓани и нивна интеграција во општеството.

Со услугата ќе бидат опфатени стари и изнемоштени лица, со место на живеење во градот Берово, во зависност од потребата и  во 8-те (осумте) селски населби на територијата на општина Берово, лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години и други лица со намален функционален капаците кои не можат сами да се грижат за себе, живеат сами без секојдневна грижа и нега која им е потребна, имаат лоши услови за живот, постои отсуство на редовни лекарски прегледи и слично.

Избраните кандидати (негуватели на стари и изнемоштени лица) ќе бидат ангажирани најмалу 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, со склучување на  договор за дело. Потребно е сите кандидати за негуватели да се имаат стекнато со сертификат за завршена обука за негувател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни.

III. Работни задачи на ангажираните лица

  • За работно место под реден број 1 (20 негуватели):
  • Да ја дава услугата помош и нега во домот на корисникот по вид и траење, согласно решението на Меѓуопштински центар за социјална работа Берово и индивидуален план за работа со корисник или договор за користење на услуги
  • Да води дневник за работа и на неделно ниво да го доставува до координаторот
  • Да ја одржува хигиената на гардеробата за работа и лична хигиена
  • Соработува со членовите на семејството на корисникот, водителот на случај и други лица од опкружувањето на корисникот
  • Учествува на координативен состанок, организиран од координаторот еднаш неделно
  • Ги известува навремено корисникот и давателот на услугата во случај на потреба од боледување или друга причина за отсуство
  • Учествува на обуки согласно планот за унапредување на вештините и знаењата на вработените

(Услугата во домот се дава согласно Листа на активности за остварување на услугата помош и нега во домот, ПРЕВЗЕМИ ЛИСТА), во согласност со поединечните потреби на секое лице.

  • За работно место под број 2 (1 возач)
  • Да вози службено возило и се грижи за неговото одржување и техничката исправност
  • Да се грижи за редовно сервисирање на возилото ,како и за роковите за технички преглед за регистрација на возилото;
  • Да врши превоз на лица за службени потреби согласно потребите на проектот
  • Да води евиденција за одминатата километража за потрошеното гориво.

 За работно место под број 3 (1 асистент на координаторот на проектот)

  • Му обезбедува поддршка на корисникот во изборот на негувател од евиденцијата на достапни негуватели во соработка со стручниот работник во ЈУ МЦСР Берово;
  • Ја организира работата и прави распоред за работа на негувателите;
  • Ја следи работата на негувателите во давањето на услугата помош и нега во домот, согласно решението од ЈУ МЦСР Берово и индивидуалниот план за работа со корисник или договорот за користење на услуги;
  • Да се грижи услугата да се дава континуирано, во целост и квалитетно во согласност со дијагнозата и потребите на корисникот, преку непосреден увид во домот на корисникот, најмалку еднаш месечно;
  • Да води тековна и уредна евиденција, согласно член 20 став 1 алинеја 8 од правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот (Службен весник на РСМ  бр. 268/19, 198/21 и 75/23);
  • Да се грижи услугата да се дава во недискриминаторска средина;
  • Да остварува контакти со корисникот, членовите на неговото  семејство и водителот на случајот во однос на давањето на услугата;
  • Врши увид во дневниците за работа на негователите;
  • Да организира координативни состаноци, со негователите, еднаш неделно, заради дискусија за сите околности кои влијаат врз давањето на услугата;
  • Да подготвува месечен извештај за активностите поврзани со давањето на услугата.
  • да се грижи за навремена и квалитетно давање на услугата и да обезбедува техничка и логистичка поддршка на негувателите и на возачот
  • За работно место под број 4 ( 1 хигиеничарка)
  • Секојдневно учевствува во одржување на општата и посебната хигиена на просторијата;
  • Се грижи и води сметка за минимално трошење на електрична енергија, вода и други              матерјали при секојдневно извршување на работите и работните задачи,
  • Одговорна за квалитетно и навремено извршување на работните задачи за кои е задолжена;
  1. Квалификации за сите
  2. Да е државјанин на Република Северна Македонија
  3. Да имаат здравствена способност за вршење на дејноста (лекарско уверение од Доктор по медицина на труд )
  4. Да не му е одземена или ограничена деловната способност
  5. Да не му е одземено вршењето на родителско право
  6. Да не му е изречена осуда за кривично дело со казна затвор над шест месеци
  7. Да не му е изречена забрана за вршење на должност, дејност и професија

IV.1 За работно место под реден број 1 (20 –  негуватели)

  • Да има најмалку основно образование
  • Да поседува сертификат за завршена обука за негувател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни

IV.2 За работно место под реден број 2 (1 –  возач)

  • Да има најмалку четиригодишно средно образование и возачка дозвола од Б категорија .

IV.3 За работно место под реден број 3 ( 1- Асистент на проектниот координатор)

  • Завршено најмалку четиригодишно средно или вишо образование,

IV.4 За работно место под реден број 4 ( 1 хигеничарка)

  • Да има најмалку основно образование
  1. Договор и обврска за известување

Со лицата кои ќе бидат избрани за извршители, согласно јавниот повик, правата и обврските, ќе бидат уредени со Договор за дело.

VI.Времетраење на ангажманот и исплата на финансиските средства

Работниот ангажман на сите ангажирани 23 извршители е предвидено во период  за времетраење до 31.12.2026 година.

VII. Документи за пријавување

– Кратка биографија.

– Мотивациско писмо,

– Документи кој ќе ги  потврдат квалификациите,  согласно точка IV од овој повик.

-Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци) во оргинал или копија заверена на нотар.

VIII. Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во точка IV од овој повик, потребно е да ја достават потребната докумантација преку архивата на ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” или по пошта до ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки”, ул.,,Маршал Тито” Бр 8/А, 2330 Берово, со назнака за: “ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 23 извршители (даватели на услуги) во рамките на социјалната услуга “Помош и нега во домот”.

Рокот за аплицирање е од 07.09.2026 до 11.09.2026 година до 15.00 часот.

Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои што ги исполнуваат условите.

 

ОЈУСЗСЛ,,Др. Иван Влашки”

ВД Директор

Сања Радински

Горе