🐾 АПЕЛ ЗА ОДГОВОРНО СОПСТВЕНИШТВО, ЗА НАШЕ ДОБРО И ЗА ДОБРО НА ЖИВОТНИТЕ!

Општина Берово, апелира до сите сопственици на кучиња, да бидат одговорни и совесни и своите миленици да ги чуваат во својот двор или соодветно обезбеден простор и  да не  ги оставаат слободно на јавни површини.

Службени лица од Општина Берово, ќе вршат засилени и континуирани контроли.

Сите кучиња затекнати на јавна површина без присуство и контрола на сопственик ќе бидат евидентирани и согласно законските прописи, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Трошоците за заловување и понатамошниот третман на идентификуваните кучиња, ќе бидат на товар на нивните сопственици, согласно закон.

Согласно член 26 став 2 од Законот за заштита и благосостојба на животните:

„Сопствениците не смеат да ги напуштаат своите миленици.“

Сопствениците се должни своите кучиња да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнуваат законските обврски во однос на нивната здравствена заштита.

Кучето на улица не е слободно – тоа е одговорност на сопственикот.

Неодговорното чување и напуштањето на домашните миленици, се меѓу главните причини за зголемување на бројот на бездомни кучиња.

Општина Берово континуирано спроведува мерки за заловување и третман на бездомните кучиња, преку избран оператор, со средства од општинскиот буџет. Но, проблемот не може да се реши само со заловување – потребна е одговорност од секој сопственик.

🐶 Миленикот не е играчка. Не е привремена обврска. Не е нешто што се остава кога ќе стане тешко.

Миленикот е одговорност.

Миленикот е грижа.

Миленикот е обврска.

👉 Чувајте ги своите кучиња одговорно. Не ги напуштајте. Не ги оставајте на улица.

Одговорноста започнува од секој од нас – чувајте ги своите миленици, не ги напуштајте и заедно да создадеме побезбедно и похумано Берово.

ЗА НАШЕ ДОБРО И ЗА ДОБРО НА ЖИВОТНИТЕ! 🐾

Општина Берово

Горе