Отворен повик за средношколци – YES Semester Program

Општина Берово ги информира средношколците, за можноста да се пријават на YES Semester Program (јануари–јуни 2027), програма финансирана од U.S. Department of State, која им овозможува на средношколци од  Македонија да поминат еден семестар во Соединетите Американски Држави.

Преку програмата, учениците имаат можност:

  • да посетуваат американско средно училиште;
  • да живеат со американско семејство домаќин;
  • да стекнат нови академски, лидерски и интеркултурни искуства;
  • да ја претставуваат  Македонија како млади амбасадори.

 

📅 Краен рок за пријавување: 15 септември 2026 година

👉 Право на аплицирање имаат ученици кои во учебната 2026/2027 година посетуваат 1ва, 2ра или 3та година средно образование.

ℹ️ Повеќе информации за програмата:

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

 

📝 Директен линк за аплицирање:

Аплицирајте овде

 

Општина Берово ги охрабрува сите заинтересирани средношколци да ја искористат оваа можност за образование, личен развој и стекнување меѓународно искуство. 🌍🎓

Горе