Category: Новости

Еко акција ,,Чиста Малешевија – Како Што И Доликува!!!

Викендот во Берово, во недела на 21.3.2021 година, во организација на Здружение на граѓани ,,Патфајндерс”, во соработка со Општина Берово,  под мотото  ,,Чиста Малешевија - Како што и доликува”  е планирана, еколошка акција, на локација покрај Беровското езеро, по повод денот на пролетта. Еко акцијата,  ќе се одвива, покрај Беровското езеро, кружната патека околу езерото, [...]

Донесени одлуки на 47-та Седеница на Совет на Општина Берово

На  47 Седница на Совет на Општина Берово донесен е: План за упис на ученици во I година средно образование во ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово за учебната 2021/2022 година

Градоначалникот оствари средба со новиот директор на Здравствен дом Берово

Во рамките на своите програмски активности, Градоначалникот Пекевски, вчера, освари средба со новиот директор на Здравствениот дом во Берово, д-р.Весна Коловска. Градоначалникот и посака многу успех во извршувањето на функцијата и успешна соработка со институциите и со Општина Берово. На средбата, разговараа за одредени прашања и проблеми, како решавање на проблемот со паркинг простор пред [...]

Почетокот на градежната сезона ја забрза реализацијата на проектите во Берово

Почетокот на градежната сезона, значи забрзување на  проектите, предвидени за реализација во програмите на општина   Берово, во теко  вната 2021 година,  која и покрај големите очекувања, ја започнаваме во услови на пандемија. Сепак, средствата за  предвиденото,  што пандемијата не дозволи да биде реализирано, благовремено беа  пренаменети во соодветни програми и со истите се реализирани други [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Шахпаска

Во рамките на посетата на општина Берово, денеска, во својот кабинет, градоначалникот Пекевски, оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. На средбата тие разговараа за состојбите и плановите на општината, кои се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Соработката помеѓу локалната и централната власт е клучна за успех [...]

Одржан информативен настан за презентација на Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските планини и Влаина

Вчера, во Бизнис инкубаторот во Берово, се одржа информативен настан за презентација на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина со предлог за прогласување на Заштитен предел „Малешево“ . Настанот е организиран преку Програмата за зачувување на природата, во соработка со Општините Берово и Пехчево и Министерството за животна средина и [...]

Се гради пешачката и вело патека како спој на ул. ,,Гоце Делчев” и ,,Борис Кидрич”

Во рамките на активностите на Општина Берово, за реконструкција на локални улици и патишта , се реконструира пешачката и вело патека како спој на ул. ,,Гоце Делчев” и ,,Борис Кидрич”. Со изградбата на оваа улица, ќе се олесни пристапноста на жителите од овој дел на градот, кој ќе добијат соодветна инфраструктура и подобар квалитет на [...]

Советот на Општина Берово, денес, ја одржа својата 46 Седница

 Советот на Општина Берово, на денешната 46-та Седница, ги усвои следните одлуки:  Записник од одржана 45-та Седница на Совет на Општина Берово; Заклучок за усвојување на Финансиски извештај од завршна сметка од Дом на културата „Димитар Беровски“-Берово за 2020 година, сметка за сопствени приходи; Заклучок за усвојување на Финансиски извештај од завршна сметка од Дом [...]

Јавен оглас за „Набавка на модуларен систем за кризни ситуации за потребите на општина Берово”

Општина Берово објавува оглас за „Набавка на модуларен систем за кризни ситуации за потребите на општина Берово” CB006.2.12.117 – LP/01, со финансиска поддршка од Европска Унија преку ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија број на повикот 2014TC16I5CB006-2018-2. Тендерското досие е достапно на следниве веб-страници: Тендерско досие  Документите можете да [...]
Горе