Category: Новости

Кандидатите за градоначалници на Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалници на Општина Берово, на претстојните локални избори, денеска во седиштето на Општинската изборна комисија,  во просториите на Општина Берово,  потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Учесниците во изборите за градоначалници, закажани за 17 октомври, го потпишуваат Кодексот врз основа на член 8-в од Изборниот законик. Со овој Кодекс учесниците на локалните [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници на Здружение за воени ветерани и воени инвалиди-2001 Феникс

Во рамките на активностите на Општина Берово за соработка со НВО секторот Градоначалникот Пекевски, во својот кабинет оствари средба со претставници на Здружение за воени ветерани и воени инвалиди-2001 Феникс, од Берово. Притоа претставниците упатија благодарност до градоначалникот, за поддршката во формирањето на здружението, разговарано е  за идните планирани активности и за  можностите за поддршка [...]

ПОКАНА За одбележување на Европска недела на спорт – “#BeActive”, „ МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТСКА АВАНТУРА 2021 година“

Здружение на граѓани „ МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА “, во рамките на Европска недела на спорт"#BeActive", организира ,,СПОРТСКА АВАНТУРА 2021 година“, на ден 25 септември 2021 година (сабота). Настанот вклучува тесна соработка со националните координатори на Европската недела на спортот - #BeACTIVE, националната Агенција за млади и спорт, граѓанската организација Планински Спортски Клуб Малешевска Корија, партнерот од [...]

НЛБ Банка со донација за Територијална противпожарна единица во Берово

НЛБ Банка донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово. За потребите на службата, НЛБ Банка обезбеди делови за хидрант, црева, продолжетоци и спојувања, млазница и моторна прскалка – опрема, за превенција и справување со пожари. Голема благодарност за донацијата, упати Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, кој истакна дека ваквите донации се од голема [...]

Се проширува канализационата мрежа во с. Русиново

Се проширува канализационата мрежа во с. Русиново, со изградба на КРАК 3, со што на жителите од овој дел, долгорочно им се решаваат проблемите со канализационата мрежа. Со овој проект се опфатени неколку индивидуални стамбени објекти и земјоделски имоти, при што ќе се подобрат условите за живот на жителите од с. Русиново за собирањето и [...]

За четвртоодделенците од ООУ,,Никола Петров Русински” набавени компјутери

ООУ ,,Никола Петров Русински" подготвено ја започна новaта учебна година, при што за учениците од четврто одделение, училиштетно набви компјутери, за да можат да ја следат новата наставна програма, која предвидува дигитални учебници. На истите се инсталирани дигиталните учебници, кои им се потребни за наставниот процес, со што се води грижа, сите ученици да бидат [...]

Четвртоодделенците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” добија таблети

Во пресрет на новата учебна година и новaта наставна програма, која предвидува дигитални учебници за учениците од четврто одделение, денеска се поделени таблети на сите четвртоодделенци во ОOУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово. Таблетите ги поделија Градоначалникот на Општина Берово и директорот на училиштето, а беа поделени на сите ученици, од четврто одделение. На истите [...]

Започна активностите по Проект ,, Општинско корисна работа” за 2021 година, во Берово

Во рамките на проектот за Општинско корисна работа, започнаа активностите  по Проектите ,,За наше Берово” и ,,Еднакви можности” од Општинско корисна работа,  преку кои 31 невработени лица од Берово,  ќе добијат платен ангажман,  а нивните услугите ќе ги користат околу 300 крајни корисници. Проектот е врз основа на оперативниот план за активни програми и мерки [...]

Во Берово и Пехчево одржана Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел

Преку видео бим, поставен во дворот на детската градинка ,,23 Август”, денеска во Берово,  е одржана Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево, за заштитен предел. Јавната расправа ја започна  Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање , Каја Шукова, која што ги истакна бенифитите од прогласување на Заштитеното [...]

Се уредува дворната површина во Домот за стари лица во Берово

По изградбата на сите постоечки капацитети за сместување на корисници, во ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” во Берово, ја продолжуваме успешната приказна со оградување и партерно уредување на дворната површина. Се редат бехатон плочки на одредени површини и се оградува површината од задната страна на објектите на установата. Од Буџетот на ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” за [...]
Горе