Концерт на КУД ,,Љубомир Иванович Геџа” од Ковачевац, во Берово.

Повеќегодишната соработка, која ја имаат двете културно уметнички друштва КУД ,,Димитар Беровски” од Берово и КУД ,,Љубомир Иванович Геџа” од Ковачевац, Република Србија, резултираше со прекрасен концерт на КУД ,,Љубомир Иванович Геџа”, на летната сцена на ЕТНО Плоштад фестивал во Берово.
Дружбата и соработката на двете културно уметнички друштва има големо значење за размена на искуства и дружење на членовите од двете општини како и продлабочување на меѓународната соработка.
Горе