КУД ,,Димитар Беровски” со одличен настап на ЕТНО Плоштад фестивал 2022

Околу 50 членови на КУД ,,Димитар Беровски”, предводени од кореографот Методи Скендерски, вечерва, пред присутните во Берово, имаа прекрасен настап, пред публиката, во рамките на првата фестивалска вечер, од ЕТНО Плоштад фестивалот.
Видно задоволна од настапот, публиката имаше можност да ужива во кореографиите: ,,Водарки”, ,,Копачка”, и ,,Чангуловото оро” а од сцената можеа да се видат ,,Малешевски сплет на песни и ора”.
Имавме прилика да ги видиме уникатните малешевски носии, исткаени од вредните раце на малешевските домаќинки, кои се карактеристични за нашето поднебје.
Играорците ги придружуваше оркестарот на Ирфан Кантуровски.
Прекрасните фолклористи беа поздравени од публиката со богат аплауз, што создаде многу позитивна атмосфера, а нивниот настап беше одлично прифатен и од гостите.
Инаку КУД ,,Димитар Беровски “ од Берово, брои околу 200 членови, на возраст од 6 до 18 години и постојано анимира нови членови.

.

Горе