5.000, 00 за секое прваче во Берово
Со цел олеснување на трошоците на родителите, на почетокот на учебната година, денеска, на сметките на родителите на беровските првачиња, легнаа по 5.000,00 денари од Буџетот на Општина Берово. На 84 првачиња, кои годинава ќе го започнат своето школување во беровските училишта, денеска им се исплатени по 5.000,00 денари, како поддршка од локалната самоуправа, за [...]
Општина Берово изврши крпење на ударни дупки
Во рамки на Програмата за изградба,реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Берово за 2023 година, Општина Берово изврши крпење на ударни дупки во должина од околу 400 метри квадратни. Санирани се сите ударни дупки, кои се увидени по претходно направен увид на лице место, од страна на службите при Општина Берово, [...]
Благодарност до сите кои придонесоа за успешна реализација на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2023 година
Благодарност до сите кои придонесоа за успешна реализација на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2023 година Општина Берово, упатува голема благодарност до Министерството за култура на РСМ, Жито Малеш- Берово, Трено Комерц – Берово, Бетекс Берово, Аурора Ресорт и Спа- Берово, Ресторан МРС Берово, ММладост- Берово, Хотел Манастир- Берово, Ловен дом Берово, Апартмани Сквер- Берово, Интер Кар- [...]
КУД ,,Димитар Беровски” во одлично светло се преставија на првата вечер од ЕТНО Плоштад фестивал 2023
Имавме можност да уживаме во прекрасниот настап на КУД ,,Димитар Беровски”, кои предводени од кореографот Методи Скендерски, вечерва, пред присутните во Берово, презентираа малешевски фолклор и традиционални вредности. Уживавме во кореографиите: ,,Повардарие”, и ,,Ситна шеска” и имавме прилика да ги видиме уникатните малешевски носии, исткаени од вредните раце на малешевските домаќинки, кои се карактеристични за [...]
Потпишан договор за збратимување на Општините Берово, Бољарево и Кумровец
Во рамки на официјалната посета на делегацијата од Општина Кумровец, денеска градоначалниците на општините Берово и Кумровец, потпишаа Договор за збратимување меѓу општините Берово, Кумровец и Бољарово. Соработката помеѓу збратимените градови, се очекува да произведе многу позитивни ефекти во општеството, кои ќе придонесат кон унапредување на состојбите на локално ниво. Очекуваме дека преку збратимувањето на [...]
Нека ни е честит празникот 23 Август!
Со својата упорност и храброст, хероите од минатото, го запишаа 23 август, во историјата, како ден кога на темелите на слободата, Берово започна да се гради. Денеска, потврдувајќи го заветот кој ни го оставија нашите херои, гордо живееме во слобода и независност и исправено стоиме пред предизвиците на денешницата, движејќи се кон остварување на целите [...]
Културно уметничка програма по повод 23 август- Ден на Берово
Среда 23.08.2023 година Бизнис инкубатор Берово Почеток 11:00 часот. Настап на Тимко Чичаковски- канон и Јована Богдановска – вокал Самостојна изложба на уметнички фотографии од Мартин Буровски Во чест на денот на општина Берово, 23 август, а на наше големо задоволство, Ве покануваме заеднички да го проследиме настапот на нашиот сограѓанин, професорот по народни [...]
Берово го најавува, големиот ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 25-27 АВГУСТ 2023
Во периодот од 25 до 27 август, центар на културните случувања и ваша следна дестинација е Берово и ЕТНО Плоштад фестивалот 2023 година. Настап на културно уметнички друштва ЖЕЉКО САМАРЏИЌ ТАМАРА ТОДЕВСКА ВИКТОРИЈА ЛОБА РИСТО САМАРЏИЕВ ДИМИТАР АНДОНОВСКИ ПАЈАК И ЛАРА ОГНЕН ЗДРАВКОВСКИ ГРУПА ЈУПИТЕР И МАРКО ЖИГМАНОВИЌ ESCAPE Band 2 NIGHT BAND DJ BONO [...]
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општинаБерово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата [...]
Министерот за транспорт и врски, во работна посета во Берово
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денес оствари работна посета на Општина Берово, каде што заедно со Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, изврши увид на реконструираниот регионален пат Берово - Владимирово. Реконструкцијата е во должина од 5,5 км, а инвестицијата е вредна 45 милиони денари, обезбедни преку буџетот на Министерството за транспорт и [...]
