Општина Берово изврши крпење на ударни дупки

Во рамки на Програмата за изградба,реконструкција и одржување  на локални патишта и улици во Општина Берово за 2023 година, Општина Берово изврши крпење на ударни дупки во должина од околу 400 метри квадратни.

Санирани се сите ударни дупки, кои се увидени по претходно направен увид на лице место,  од страна на службите при Општина Берово, но и по пријави на граѓаните, кои писмено интервенирале во општината.

Со планот за работа, опфатени се повеќе  улици, каде беше неопходна санација.

Ја одржуваме комуналната инфраструктура и придонесеуваме за поголема безбедност во сообраќајот.

За оваа намена од Буџетот на Општина Берово за 2023 година ќе бидат потрошени околу 550.000,00 денари.

Горе