Oдржан состанок на тема: ,,Превенција, координација и постапување при појава на пожари”
Денеска, во салата за состаноци во ОВР Берово, се одржа состанок на тема: ,,Превенција, координација и постапување при појава на пожари". На состанокот присуствуваа претставници од Општините Берово и Пехчево, Гранична полиција, Шумска полиција, ЈП Национални шуми, Одделение за одбрана, ТППЕ, ДПД, ЦУК, ДЗС, НВО, јавни здравствени установи, МЗШВ, Ловните друштва и Планинарски друштва. Разговарно [...]
Берово наскоро со нова мултифункционала сала, вредна 1,9 милиони евра , ПРОЕКТ НА НОВОТО УРБАНО ЛИЦЕ НА ИСТОКОТ
Наскоро центарот на Берово, ќе го добие своето најмодерно катче, МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА САЛА ВО СКЛОП НА ДОМ НА КЛТУРАТА ,,ДИМИТАР БЕРОВСКИ”-Берово, која ќе биде центар за култура, уметност, конференции и заеднички настани, што претставува историски чекор за развојот на Берово. Со проектот се предвидува изградба на модерен и современ енергестски ефикасен објект, за сценска и културна [...]
Делегација од Општина Берово на работна средба во Кожани, Република Грција, означува почеток на проект ,,Just Femme”
Во периодот од 02-03 јули, заедно Градоначалникот Пекевски, заедно со тимот за имплементација на проекти, учествува на првиот состанок во Кожани, Република Грција, за да се означи почетокот на реализација на нов проект “Just Femme” од Програмата ,,Интеррег Европа”, која е кофинансирана од Европската Унија, каде што е потпишан партнерски договор. Во проектот учествуваат Грција, [...]
Реконструирана ул.,,Енгелсова” во Берово
Во рамките на активностите на Општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, нов асфалт доби улица .,,Енгелсова” во Берово. Реконструирана е улицата во должина од 230 метри, со широчина од 5 метри, поставени се ивичнаци од двете страни, решено е одводнувањето и обезбеден е простор за изградба на [...]
Детскиот парк на ул. ,,Партизанска” доби нови детски реквизити
Нови клацкалки, нишалка и лизгална, во текот на вчерашниот ден се поставени во детскиот парк на ул. ,,Партизанска", во Берово. Детските реквизити се донација од Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ,,ПАКОМАК" ДОО Скопје, како резултат на победата на Општина Берово на конкурсот за најеко општина, кој го објавува компанијата Пакомак, во [...]
Млада и талентирана, разговор со Наталија Тасевска- ученик на генерација за учебната 2024/2025 година во ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово
,,Мал гест на поддршка, може да го промени текот на настаните во животот”, вака Наталија Тасевска- ученик на генерација за учебната 2024/2025 година во ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово, го започна разговорот, на вчерашниот прием кај Градоначалникот на Општина Берово. Во Општина Берово, таа донесе 50 -тина дипломи, сертификати и благодарници, од успесите кои ги [...]
Одбележуваме 24 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
На денешен ден, пред 24 години, имињата на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, останаа запишани во македонската историја, како херои, кои го дадоа животот, за нешто поголемо од себе. Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски, Никола Петров [...]
ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести – (Сл. Весник на Република Македонија бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16 и Сл.Весник на РСМ бр. 257/20), како и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, и согласно Програмата за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести донесена од Советот [...]
Делегација од Општина Берово присуствува на Форум за паметни градови во Брно- Чешка
Градоначалникот Пекевски, заедно со Раководителот на Одделението за локален економски развој, Ѓорѓи Пеовски, деновиве, престојуваат во Брно- Чешка Република, каде што, присуствуваат на URBIS - форум за паметни градови, во рамките на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа ,,Енергија, транспорт и заштита на климата (ORF-ETC)”, поддржан и организиран во соработка со Министерството за индустрија и [...]
Јавен повик за пријавување на штети
Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето – врнежи од град, кое ја зафати територијата на општината на ден 05.06.2025 година (четврток) с. Владимирово, с. Мачево, с. Смојмирово, с. Русиново и с. Двориште, да ја пријават штетата, до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово. Барањето за пријавување на [...]
