ЈАВЕН ПОВИК за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово
Врз основа на член 6 од Правилникот за награди и откуп на фотографии–фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово, со број 09-4089/1 од 30.11.2021 година („Службен гласник на Општина Берово“ бр.3/2021 од 01.12.2021 година), a во согласност со Г2 Програма за поттикнување на развојот на туризмот [...]
БЕРОВО го празнува 11 Октомври- Ден на народното востание
ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 80 ГОДИНИ БОРБА ЗА СЛОБОДА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА. 80 години од денот кога македонскиот народ се крена на востание и огранизирано тргна во народноослободителната војна. На вистинската страна на историјата, на страната на слободата и човековите права, македонскиот народ застана рамо до рамо со слободарските сили во Европа и светот, и остави свој печат [...]
Реконструирана спомен плочата на паднатите борци во НОВ од Малешево во Берово
Во рамките на активностите на општина Берово за зачувување на културното богатство, реконструирана е спомен плочата на паднатите борци во НОВ од Малешево во Берово. Реконструкцијата ја изврши Дом на културата ,, Димитар Беровски” од Берово, во пресрет на одбележување на денот на Берово- 23 август. Со реконструкцијата на овој споменик, ја докажуваме грижата за [...]
Со низа активности денеска во Берово се чествува ослободувањето на градот
Општина Берово денеска, го обележува денот на градот со низа активности. Чествувањето започна со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во близина на ОЈУДГ „23 Август“ во Берово и краток осврт за делото на паднатите борци. Цвеќе пред реконструираната спомен плоча положија: делегација предводена од Министерката за труд и социјална [...]
ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2021, НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ
Почитувани, Во интерес на запазување на јавното здравје, Ве известуваме дека и оваа година, ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ во чии рамки години наназад се одржуваше саемот ,,Малешевијата на дланка" и фестивалот на детски песни ,,Малешевско ѕвонче", НЕМА да се одржи. И покрај тоа што сите очекувавме дека пандемијата од Ковид 19 ќе се стави под контрола [...]
Во Владимирово отворени деветите Владимирски илинденски средби
Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте”, во Владимирово се реализираат 9-тите по ред Владимерски илинденски средби, манифестација која традиционално се одржува во пресрет на празникот ИЛИНДЕН. Низ песни и забава, со културно уметничка програма и соортски натпревари наредните 3 дена, во с. Владимирово ќе се реализираат средбите, а многу [...]
Кино на отворено во Берово! Стара Гимназија Берово
Кино на отворено во Берово! Место:Стара Гимназија Берово Време: утре 29.7.2021 година почеток 19:30
Берово денеска го чествува ликот и делото на своите загинати бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
Со голема почит, низ емоции, денеска во Берово се чествува ликот и делото на загинатите бранители од Берово, во воениот конфликт 2001 година: Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски. Делегации од Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, од единиците од Армијата, од Република Франција, од Општина Берово, Општина [...]
Градоначалникот Пекевски оствари средба со беровскиот starboy
Културниот развој на Берово, туризмот, развивање на спортскиот дух, беа темите на кои разговараа Градоначалникот Пекевскии и беровскиот starboy, на состанкот во кабинетот на градоначалникот, кој што беше организиран во рамките на активностите од областа на културата. Заедно со претседателот на фудбалскиот клуб во Берово ОФК МАЛЕШ, Новица Печински,тие разговараа на неколку важни теми, околу [...]
Јавно излагање на идејни проекти, поднесени согласно јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје
Врз основа на член 15, од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата (Службен весник на Република Македонија бр. 66/04,89/08,152/5), а согласно одржаниот состанок со одборот за подигнување на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година , Општина Берово, врши јавно излагање на идејни проекти, кои се доставени во [...]
