Во Владимирово отворени деветите Владимирски илинденски средби

Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте”, во Владимирово се реализираат 9-тите по ред Владимерски илинденски средби, манифестација која традиционално се одржува во пресрет на празникот ИЛИНДЕН.
Низ песни и забава, со културно уметничка програма и соортски натпревари наредните 3 дена, во с. Владимирово ќе се реализираат средбите, а многу жители од селото, ќе се вратат во родното огниште.
Средбите беа отворени со интерпретирање на Македонската химна, а пред присутните се обратија Претседателот на Здружение на граѓани Владимерски илинденски средби, Бранко Ужевски и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Како што истакна Претседателот на Здружение на граѓани, Бранко Ужевски, оваа година не очекуваат толку голема посетеност, заради пандемијата од КОВИД 19, меѓутоа многу е важно да не се прекинува традицијата.
На самото отварање, настапија групи од КУД,,Димитар Беровски” и Староградскиот оркестар при Дом на културата,, Димитар Беровски” од Берово, а вечерта беше затворена со спектакуларниот настап на Благица Калева .
Оваа манифестација во селото се одржува од 2005 година, а пред неколку години прерасна во масовна манифестација, под називот Владимирски илинденски средби.
Горе