🎶 „АЈДЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ СО…“ 🎶

📅 Петок, 12 Јуни

📍 Плоштад „Димитар Беровски“ – Берово

🕢 Почеток: 19:30 часот

Општина Берово, во соработка со ОЈУДГ „23 Август“, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, ООУ „Никола Петров Русински“ и ОСУ „Ацо Русковски“, по повод завршувањето на учебната 2025/2026 година, организира заедничка прослава под мотото:

🎤 „АЈДЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ СО…“ 🎶

⭐ Специјален гостин на вечерта ќе биде Tyzee, кој ќе се погрижи за одлична атмосфера, добра музика и незаборавна забава.

🎙️ Низ програмата, со многу хумор и позитивна енергија, ќе не води познатиот стенд-ап комичар- Бојан Велевски, кој ќе биде модератор на настанот.

🎧 За музичката програма и забавата во текот на вечерта, ќе биде задолжен  DJ Mats, кој ќе ја збогати атмосферата со одличен музички избор.

🏅 Во рамки на настанот, Општина Берово ќе им додели пригодни награди, на учениците кои  завршуваат деветто одделение и четврта година средно образование, а кои во текот на своето школување, оствариле континуиран одличен успех (просек 5,00) и примерно поведение.

 

👧👦🎭 На сцената ќе настапат децата од детската градинка, како и учениците од основните и средното училиште, кои преку музика, игра и креативни точки, ќе ја одбележат успешно завршената учебна година.

🎓 Заедно ќе ги прославиме постигнатите успеси и ќе им оддадеме признание на најуспешните ученици во учебната  2025/2026 година.

🎉 Ве очекуваме на вечер исполнета со музика, смеа, младешка енергија и многу убави моменти! 🎉

Горе