Во с. Русиново, свечено се одбележува големиот христијански празник „Света Троица“, каде што, синоќа, голем број жители, гости и посетители се собраа во центарот на селото, во духот на традицијата, верата и заедништвото.
Во рамки на манифестацијата „Трујчинденски русински средби“, организациониот одбор, организираше културно-уметничка програма, исполнета со песна, игра и традиционални вредности, кои со години се негуваат во Русиново.


Градоначалникот во своето обраќање истакна дека манифестацијата претставува симбол на почитување на обичаите, љубовта кон корените и зачувувањето на културното наследство за идните генерации. Тој упати благодарност до организаторите, учесниците и сите присутни кои придонесуваат традицијата да продолжи да живее.
На прославата настапија КУД при Домот на културата „Димитар Беровски“ од Берово, децата од детската градинка „23 Август“ од с. Русиново, ученици од Русиново, како и повеќе музички изведувачи кои ја збогатија атмосферата со своите настапи.
Прославата продолжува и денеска, кога месното население традиционално ќе го одбележи празникот со семејни слави, дружење и почитување на вековните обичаи.

















