Младите креираат зелени промени: Успешно реализиран училишен форум во Берово

Денеска, во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, градоначалникот на Општина Берово и претставници на општинската администрација, учествуваа на училишниот форум „Зелено и енергетски ефикасно училиште“, во рамките на регионалниот проект „Зелена генерација“, имплементиран од Национален младински совет на Македонија, со поддршка од Фондација Отворено општество.
Целта на форумот, е да опфати поголем број заинтересирани учесници, кои сакаат активно да придонесат во креирањето подобра и поодржлива иднина, преку предлагање и спроведување иницијативи, за справување со климатските предизвици и потреби.
На форумот произлегоа голем број конструктивни идеи и предлози, меѓу кои:
• Поставување сензорни славини за заштеда на вода
• Реконструкција на дел од кровната конструкција
• Поставување канти за селекција на отпад во училниците и училишниот двор, како и награда за најчиста училница
• Изработка на проектна документација, за поставување фотоволтаици
• Изградба на сопствена бушотина за вода
• Уредување урбана градина со лековити и градинарски растенија
• Поставување вендинг машина
• Поставување соларен систем за топла вода
• Поставување систем за собирање дождовница
Во текот на форумот, се развија конструктивни дискусии, а форумското мнозинство даде најголема поддршка на идејата за поставување сензорни славини за заштеда на вода, како практично и одржливо решение, за рационално користење на водните ресурси во училиштето.
Форумот помина во одлична атмосфера, со активна вклученост и заедничка желба за создавање поеколошко, енергетски ефикасно и одржливо училиште.
Горе