ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3)

ОПШТИНА БЕРОВО ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 3 (ReLOaD3)

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ – УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год.

ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.

Во програмата се вклучени 5 општини: Аеродром, Берово, Кавадарци, Центар и Штип.

Општина Берово и ReLOaD3 програмата ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Берово и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ, ТУРИЗАМ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

1.1   Активности и настани за промоција и равој на туристичките потенцијали.

1.2 Проектни активности за поттикнување и унапредување на традиционланите производи и ракотворби за промоција на туризмот.

  1. КУЛТУРА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

2.1 Подршка на проекти за зачувување и афирмација на материјалното и нематеријалното културно наследство и традицијата

2.2   Поддршка на креативните индустрии и современите уметнички форми насочени кон привлекување помлада публика и туристи.

  1. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

3.1 Реализација на активности и програми за социјалната сигурност, спречување на социјалната исклученост и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на територијата на општина Берово

3.2  Проекти за спречување секаков вид на насилство, унапредување на човековите права, спречување на дискриминација и поттикнување на еднакви можности (родова еднаквост)

 

  1. ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

4.1  Подршка на активности и проекти со иновативен пристап за заштита на животната средина, биодиверзитетот и подигање на јавната свест.

4.2 Проекти за намалување на енергетската сиромаштија, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

4.3  Проекти за превенција и заштита од пожари и спречување на бесправно сечење на дрва.

 

  1. MЛАДИ И СПОРТ

5.1  Поддршка на спортски и рекреативни активности, настани,  програми и инклузија на деца со пореченост

5.2 Подршка на конкретни младински иницијативи, волонтеризам  и промовирање на младинско учество во креирање на локални политики.

 

Граѓанските организации можат да достават апликации во рамките на три ЛОТ-а:

 

ЛОТ ВРЕДНОСЕН ПРАГ Времетраење на проектите
ЛОТ 1 150,000 – 307,000 МКД од 4 – 9 месеци
ЛОТ 2

307,001 – 615,000 МКД

од 6 – 12 месеци
ЛОТ 3        615,001– 1,537,000 МКД од 6 – 12  месеци

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО:

Јавниот повик е отворен за сите граѓански организации кои се формално регистрирани во Северна Македонија согласно со важечката законска регулатива (Закон за здруженија и фондации). Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик.

Важно: Подносителите на пријава мора да достават важечка потврда/решение за регистрација на организацијата во земјата (за носителот на проектот и евентуални партнери) кој е задолжителен документ.

 

 

ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Сите потребни информации и електронската верзија на од документацијата може да се најдат на веб-страницата на општина Берово (www.berovo.gov.mk), како и на веб-страницата на УНДП МК (www.undp.org/north-macedonia), во периодот од 05 ноември до 03 декември 2026 година.

Aнекс 1 – Проектен предлог

Aнекс 2 – Предлог буџет

Aнекс 3 – План на активности и видливост

Aнекс 4 – Логичка рамка (ЛОТ 2 и 3)

Анекс 5 – Формулар со административни податоци

Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци

Анекс 7 – Изјава за подобност

Анекс 8 – Изјава за двојно финансирање

Анекс 9 – Цели на одржлив развој

Анекс 10 – Насоки за подносители ЛОТ 1,2 и 3

Анекс 11 – Најчесто поставувани прашања_ReLOaD3

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Јавниот повик ќе трае од 05.11.2026 (од 9:00 часот) до 03.12.2026 (до 15:00 часот). За времетраењето на јавниот повик ќе се одржи инфо сесија, обука и менторска поддршка за граѓански организации кои ќе учествуваат на јавниот повик. Инфо сесијата и еднодневната обука ќе се одржат на 09.11.2026 со почеток во 11:00 часот, во сала на Советот во Општина Берово.

Во текот на обуката ќе бидат договорени термините за 5 менторски средби кои ќе бидат објавени на општинската веб страна.

Прашања во врска со јавниот повик може да се испратат електронски на следната е-мејл адреса: [email protected] со назнака за ReLOaD3 програмата најдоцна до 30 ноември 2026. Одговорите ќе бидат испратени електронски во рок од 3 дена од приемот на барањето.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ:

Документацијата за јавниот повик треба да биде доставена во електронска форма на USB и да биде испратена по препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 09:00 и 15:00 часот, на следната адреса:

Општина Берово

ул.” Димитар Влахов “бр.10,

2330 Берово

 

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на јавниот повик за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”.

Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страниците на општина Берово www.berovo.gov.mk и УНДП МК https://www.undp.org/north-macedonia како и на огласната табла во општина Берово, во рок од 45 работни дена од затворањето на Јавниот повик (освен во случај на непредвидени околности). Само организациите чии апликации се избрани за финансирање ќе бидат известени по писмен пат.

Горе