Се решава проблемот со водоснабдувањето во населба Јуруко

Се решава долгогодишниот проблем со водонабдувањето во населба Јуруко во Берово.

Во текот на вчерашниот ден, во функција е ставена новата пумпна станица, која ќе обезбеди зголемен притисок на водата и квалитетно водоснабдување, на повисоките места, во овој дел од градот.

Поради надморската височина, резервоарот со филтер станицата , изминатиот период,  не го задоволуваше потребниот притисок, поради што жителите, често имаа  проблеми со притисокот на водата.

Со инсталацијата на новата пумпна станива, се решава проблемот и жителите од населба Јуруко, конечно ќе добијат водоснабдување како што заслужуваат.

Од ЈПКР,,Услуга”, велат дека, подолго време работат на решавање на овој проблем, при што конечно проблемот е надминат и жителите од повисоките места, ќе можат да користат квалитетно водоснабдување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Горе