Подади рака, биди волонтер, биди хуман

Почитувани граѓани, 
Во услови на светска пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, взаемната грижа, едни за други и поддршката за најранливите категории треба да бидат основите, во кои би го пронашле полесното справување со кризата, за сите нас. 
 
Кризата посебно ги погодува индивидуите и семејствата во социјален ризик на кои им е неопходна нашата помош.
Општина Берово ги мапира сите, на кои им е потребна неопходна помош, во вид на храна и средства за дезинфенција и преку хумани донатори, компании или индивидуи, организира помош за таквите лица. 
 
Би сакале да го прошириме ланецот на поддршка и хуманост, со граѓани волонтери, кои таквите пакети за храна и хигиенски производи би ги доставувале до семејствата и иднивидуите на кои им се најпотребни.
 
Ги повикуваме сите граѓани, кои имаат желба и можност да помогнат, да одделат дел од своето време, за доставување на такви пакети, до оние кои им се најпотребни, да се пријават на бројот
+389 33/471-057
или маил адресата [email protected]
 
Подади рака, биди волонтер, биди хуман

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Горе