Штедливи светилки го подобруваат осветлувањето низ улиците во Берово

Штедливи лед светилки, деновиве ја зголемија видливоста во вечерните часови , уште на неколку улици во Берово.
Во рамките на Програмата за енергетска ефикасност, со нови енергетски ефикасни лед светилки заменето е градското осветлување на ул,, Партизанска” и улицата покрај комплексот стара гимназија, до спој со ул.,,Ѓорѓи Димитров”.
Новите светилки, ќе допринесат за заштеда на енергија, но исто така значително ќе ја подобрат видливоста во вечерните часови и ќе се зголеми безбедноста на пешаците и возачите.
Од Буџетот на општина Берово, согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за оваа намена, ќе се потрошат 420.000,00 денари.
Во следната година, ќе бидат предвидени средства за промена на уличното осветлување, на повеќе локации.
Горе