Започна реконструкцијата на улица во с. Смојмирово

Преку средства од Биро за регионален развој, започна реконстукцијата на улица, која води до селските гробишта до с. Смојмирово.

Ќе се реконструира улицата, на потег од црквата до селски гробишта , во  должина од околу 540 метри, со широчина од 2 до 3 метри и конечно ќе се заокружи поголема целина на патна мрежа, во село Смојмирово.

Од реконструкцијата на оваа улица, бенефит ќе имаат сите жители од селото, користејќи го патото до гробиштата и еден поголем дел на граѓани кои ја користат улицата во с. Смојмирово, за пристап до своите семејни имоти. Ќе се  придонесе кон подобрување на условите за живот во руралните места и ќе се овозможи на жителите, да користат и други услуги кои се од значење за подобрување на условите во руралните средини. Со подобрување на патната инфораструктура во с. Смојмирово, ќе  се подобри социјалната кохезија на жителите, но и на остантите граѓани и посетители во с. Смојмирово.

По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, од страна на Биро за регионален развој за развој на селата, за реконструкција на улица во с. Смојмирово, на потегот од црквата до селските гробишта, одобрени се  2.342.657,00 денари. Од Буџетот на Општина Берово за 2023 година, за оваа намена ќе бидат кофинансирани 153.380,00 денари.

Благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, што ни овозможува реализација на вакви проекти, кои се од витално значење за развојот на Берово, а кои на средбите со граѓани,  постојано се  истакнувани како приоритети.

Горе