Започнува изградбата на крак од ул.,,Прохор Пчињски” во ромското маало

Со изградба на крак од ул.,,Прохор Пчињски”, започнуваат инфраструктурните активности во Берово, во рамките на проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”.

Денеска е воведен во градба, економски оператор и наскоро ќе започнат активностите за изградба на крак од улицата,  во должина од 65 метри, каде што  ќе се изврши расчистување, нивелирање, тампонирање и поставување на ивичнаци и бехатон плочки.

Оваа улица е пристапна улица до центарот на градот и е често користена улица како премин,  а се наоѓа во ромското маало.

Како што истакна Градоначалникот Пекевски, на задоволство на граѓаните на Општина Берово, конечно кракот од  ул.,,Прохор Пчињски” , е реалност. Проектот има поголема временска рамка но и поголем обем на активности. Најпво се предвидени инфраструктурните активности, понатаму набавка на контејнери и индивидуални канти за отпад за семејствата, како и приклучување на електрична енергија. Во рамките на истиот е предвидено : донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба, легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства, рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови, реконструкција на 250 м фекална канализација, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени.Како што додаде, со реконструкцијата на оваа улица, го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните и им овозможуваме полесна пристапност и соодветна инфраструктура.

Горе