За унапредување на социјалните услуга, набавено ново возило Dacia Duster

Во рамките на проект ,,Возврати со љубов, грижа и  почит”, финансиран од Министерството за труд и социјална политика, по претходно одобрена апликација, на Општина Берово,  ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки набави возило Dacia Duster, за воспоставување на нова социјална услуга, која ќе овозможи помош и нега во домашни услови, на стари и изнемоштени лица на територијата на Општина Берово и лица кои живеат во руралните населби.

Имплементацијата на овој проект, ќе овозможи  услуга кон корисниците, во нивните домови, како и помош и поддршка на старите лица во секојдневните активности.

Основна цел на проектот, е подобрување на квалитетот на живот на старите луѓе, во руралните средини, на територијата на општина Берово и овозможување достапни услуги за корисниците, во нивното место на живеење.

Со проектот ќе бидат опфатени 60 стари лица, од кои 12 лица од Берово, а останатите од селските населби.

-Приоритетите на локалната самоуправа, ги градиме според потребите на жителите на општина Берово. Изминатиот период имавме прилика да видиме дека, грижата на старите лица, особено оние кои живеат сами, е многу важна, во севкупниот напредок на локалната заедница. Благодарение на ангажманот на Одделението за јавни дејности и Одделението за ЛЕР,  успеавме да влеземе во реализација на уште еден проект, кој ќе овозможи директна поддршка на старите лица и помош во извршување на секојдневните активности- истакна Градоначалникот Пекевски.

.

Горе