Општина Берово и ОВР Берово, започнуваат камања за безбедност во сообраќајот

Општина Берово и ОВР Берово, од денеска,  во заедничка кампања за подобрување на состојбата за безбедност  во сообраќајот на локалните улици во Берово.

Од денеска, инспекциските служби од општина Берово, заедно со полициски службеници, делат  флаери, со предупредувачка содржина за сите возачи, кои неправилно се паркирани.

Кампањата започна на ул.,,23 Август”, кај УНИ Банка, а во наредниот период ќе трае на сите пофреквентни улици.

Сообраќајниот метеж е се по присутен, на улиците во  централното градско подрачје, особено за време на викендите и мора благовремено да се дејствува превентивно, со цел да се избегнат несакани последици.

Како што истакна Градоначалникот Пекевски, целта не е оние кои неправилно се  паркирани да бидат казнети, напротив, кампањата е превентивна, во насока на подигнување на свеста кај граѓаните, да ги почитуваат правилата во сообраќајот со цел  да покажеме една заедничка акција во борбата за поубаво и поуредно Берово, а како што истакна тој, ако борбата не започне од секој од нас, не можеме да бидеме победници.

Па почитувани учесници во сообраќајот, како што се вели во заедничкиот едукативен материјал на Општина Берово и ОВР Берово, ,,Почитувајте ги правилата, за наша и ваша безбедност во сообраќајот”.

Горе