Аптекарскиот бисер ,,ЗЕГИН” , во Берово ја отвори својата 165 аптека

На свеченото отварање,  директорот на компанијата, Благој Механџиски, истакна дека  оваа аптека е една од најубавите и најефтини аптеки, која со модерена и професионална услга, на беровчани ќе им понуди висок квалитет на услуги за нивните потреби.

Големиот асортиман на био производи од Хелти фуд, исто така остануваат во палетата производи кои ќе ги нуди, како и понудата на ортопедски помагала, а исто така и најголемите новитети на светската фармацевската индустрија, ќе им бидат достапни на беровчани,  во секое време.

Успехот кој веќе три децении е присутен во компанијата Зегин, се должи на доброто управување и стратегијата за развој врз основа на најсовремените светски достигнувања во таа област, а пред се, како што истакна Механџиски, на  компанијата ЗЕГИН, секогаш  на прв план и се клиентите и поторошувачите,нивната услуга и  побарувачка.

За неколку дена ланецот на аптеките Зегин се зголемува за уште две аптеки во Куманово, додека и аптеката во трговскиот центар Глобал во Струмица, која изгоре во пожарот кој го зафати објекотот веќе е во завршна фаза на реобнова.

Инаку,  со околу 42.000,00 производи, новоотворената аптека во Берово, ќе биде една од најснабденате аптеки во државата, која исто така на сите кои се заболени од Ковид 19 вирусот, ќе им овозможи попуст од 10 % на производите.

Горе