Во беровско Русиново, се чествува ликот на Даме Груев

Скромно, со почитување на сите протоколи за заштита на колективното здравје, денеска во с. Русиново, е одбележана 114 годишнината, од смртта од големиот македонски великан,  Даме Груев.

Чествувањето започна со посета на гробното место на Даме Груев, на селските гробишта, продолжи со положување на свежо цвеќе, на бистата во центарот на с. Русиново, понатаму продолжи со посета на  местото на загинување на Петлец, оддавајќи им почит на сите паднати борци на планината Петлец.

Местото е познато по убиството на Даме Груев, Атанас Карчев и Сандо Китанов, кои на 19 декември се ранети  во с. Русиново. На излезот  од селото, убиен е Сандо Китанов, додека Атанас Карчев и Даме Груев, на истото место се само ранети, понатаму водат жестока борба на Петлец, за подоцна во заседа на планината Петлец, да бидат и убиени, по кажување на жителите од с. Русиново.

Водејќи се од девизата на Даме Груев ,,Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, тој остана засекогаш запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација.

Горе