Во рамките на активностите на општина Берово, за заштита на населението од КОВИД 19, ТППЕ врши дезинфекција на улиците во Берово.
Овие активности, миењето на улиците, урбаната опрема и јавните површини, станаа секојдневна работа, како на комуналните служби, така и на вработените во ТППЕ во Берово, со цел жителите да се чувствуваат безбедно.
Во изминатиов период, во интерес на одржување на јавната хигиена, а како резултат на спречување на ширење на вирусот КОВИД – 19, ваквите акции се интензивирани, а со истите по предвидена динамика, ќе се продолжи и во следниот период.