Денеска е објавен повикот за избор на најповолен економски оператор за изведување на проект „Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“.
Проектот ќе понуди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичката наслеба Беровско Езеро, а ќе се изгради помеѓу веќе постоечките резервоари.
Со зголемување на населбата и се поголемиот број на корисници, зоголемена е и потребата од вода, со што постојниот капацитет не е доволно за да ги задоволи потребите на корисниците.
Населбата во моментот има дел од секундарна мрежа, но со новата линија ќе се обезбедат количини, со кои ќе се покрие преостанатиот дел од населбата и домаќинства.
Низ целата мрежа, се предвидени воздушни и испусни вентили, сместени во посебни шахти или се комбинирани. Во проектот се предвидени и подземни против пожарни хидранти.
Проектот е истакнат како приоритет и на средбите со граѓани, кои што Градоначалникот Пекевски ги оствари во процесот пред креирање на Буџетот за 2021 година.
Средствата во износ од околу 10 милиони денари, се обезбедени од Европска инвестициона банка и Владата на РСМ, а целокупната постапка се спроведува преку Министерството за транспорт и врски.