Одржан состанок во врска со иницијатива за прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”

Денеска во просториите на Општина Берово, е одржан состанок на инволвираните страни, во врска со иницијатива на двете општини Берово и Пехчево,  за прогласување на заштитено подрчје ,,Малешево”, на пределот на Малешевкки планини и Влаина.

На состанокот присуствуваа Градоначалниците на Општина Берово и Општина Пехчево. Присутен на состанокт беше и Државниот секретар во министерство за животна средина и просторно планирање – Каја Шукова, заедно со претставници од МЖСПП, претставници од ПЗП Фармахем и претставници од Македонско еколошко друштво.

На состанокот е разговарано, под кои услови може да се прогласи овој предел за заштитено подрачје, од која категорија,  на кој начин истото ќе биде управувано, согласно постоечките стратегии и позитивни законски прописи.

На состанокот произлезе продуктивна дискусија од сите присутни, при што договорена е динамика за натамошно продолжување со активностите, со организација на  технички состанок за усогласување и дефинирање на сите недефинирани состојби, со заедничко прифатливо решение и заземање на дефинитивен став, за продолжување на постапката.

На состанокот е заземен став, за активно вклучување на сите чинители и  инволвирани страни, со цел да се изнајде најприфатливото решение, кое нема да предизвика незадоволство кај локалното население а од друга страна ќе биде од големо значење за општините Берово и Пехчево, со единствена цел зачувување и успешен менаџмент на природните богатства од регионот.

Горе