Потпишани договорите за финансирање на невладини организации  за 2021

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подршка на граѓанскиот сектор, денеска, во салата на општина Берово, се потпишани договорите за финансирање на проекти од јавниот повик  за невладини организации.

Од вкупно поднесените 6 пријави , Комисијата за евалуација,  донесе  одлука    финансискии да бидат подджани 5 предлог проекти, или поточно сите невладини организации, кои на повикот се јавиле со комплетни документи, распоредувајќи ги средствата според содржината на поднесените предлог проекти.

Проекти кои ќе се финансираат имаат за цел, подобрување на квалитетот на живот во општината,  во повеќе општествени сфери: од заштита на животната средина, туризам, комунална инфраструктура, заштита на животните, како и промоција на руралните средини.

Според донесената одлука распределени се средства на :

  1. Здружение ВЛАДИМИРСКИ ИЛИНДЕНСКИ СРЕДБИ (ЗВИС) – 40.000,00 денари
  2. Здружение нa ПЕНЗИОНЕРИ на Општина Берово – 80.000,00 денари
  3. Здружение за граѓани „Дуј Амала“ Берово – 90.000,00 денари
  4. Здружение за заштита на животните „ Проанима“ – 61.000,00 денари
  5. Планинарско спортски клуб „Малешевска Корија“ – 47.000,00 денари

 

На потпишувањето на договорите, произлезе дискусија, за следна година, да се предвидат посебно средства за поддршка на туризмот, како стратешка определба на општината во севкупниот локален економски развој.

Градоначалникот Пекевски на сите присутни им посака успешна работа и реализација на предвидените активности, додавајќи дека општина Берово секогаш е расположена за соработка со граѓанските организации.

Со цел повеќе транспарентно и отчетно информирање на граѓаните на Општина Берово, за трошење на средствата, во прилог можете да го погледнете финалниот извештај од спроведена евалуација со предлог и подршка за финансирање на проектите .

Извештај од евалуација

Горе