Општина Берово ги награди младите успешни пингпонгари

Забележувајќи ги врвните резултати на поедини членови на Пингпонгарскиот клуб во Берово, а сметајќи дека талентите треба дополнително да бидат мотивирани,  Градоначалникот на Општина Берово, поднесе иницијатива, до Советот на Општина Берово, за исплата на парична награда за постигнување на врвни резултати во спортот,  како признание за спортските успеси на младите пингпонгари.

Иницијативата едногласно беше прифатена од Советот на Општина Берово, кој додели решенија за исплата на парични награди на 4 членови од ППК ,,Зегин” од Берово.

Парични награди од 5.000,00 денари добија членовите кои што  изборија место во репрезентацијата на РСМ:

  1. Кристијан Каламадевски
  2. Избаела Ковачовска
  3. Моника Стајковска и
  4. Љупчо Треновски

На играчите од ППК ,,Зегин”  им честитам за постигнатиот успех и им посакувам постигнување на уште поголеми успеси во иднина. Исто така честитки упатувам и до тренерите, кои вложија многу, за овој успех да биде реалност, истакна Градоначалникот на Општина Берово.

Продолжете да го кититите Берово со успеси.

Општина Берово се гордее со вас!

Горе