Израдба на фекална канализација во село Мачево, за 75 општини 99 проекти со пренаменетите пари за изградба на карго аеродром

На вчерашната седница на Владата е донесена одлука со која е одобрена предлог листа на 99 проекти во 75 општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедени со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Општина Берово во распределбата на тие средства ќе добие дел за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во село Мачево. Продолжуваме посветено да инвестираме во инфраструктурата во сите области каде што е најпотребно.

Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациски мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Горе