,,Жените се движечка сила на општеството и без нив нема успех и напредок. Почитувани кориснички на услугите на Домот за стари лица во Берово, оваа година, под посебни околности, заради пандемијата од ковид 19, сакам да упатам срдечни честитки по повод 8 март, со желба во иднина да имаме уште поуспешна соработка и да продолжиме со содржини, што ќе направат да се чувствувате пријатно.”- стои во честитката на Градоначалникот Пекевски, до корисниците и вработените во ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” во Берово, кој денеска ги посети во дворот на установата и им подари цвеќе.