Општина Берово ги поканува претставниците на локалната бизнис заедница на работна средба, која ќе се одржи на 07 јули 2026 година (вторник), во Големата сала на Општина Берово.
Средбата има за цел, воспоставување конструктивен дијалог помеѓу локалната самоуправа и деловниот сектор, размена на мислења, идеи и предлози, како и идентификување на можностите за подобрување на деловната клима, поттикнување на локалниот економски развој и зајакнување на меѓусебната соработка.
Со цел да се овозможи поквалитетна дискусија и подобра организација, средбите ќе се одржат во два одделни термини:
- 12:00 часот – за компании и деловни субјекти со до 10 вработени;
- 14:00 часот – за компании и деловни субјекти со повеќе од 10 вработени.
Општина Берово ги повикува сите стопанственици, активно да се вклучат во оваа иницијатива и преку своите предлози и идеи, да придонесат кон креирање на подобри услови за развој на локалното стопанство.
Своето присуство можете да го потврдите на телефонскиот број 033/471-057.
Вашето мислење е важно – заедно да создадеме подобра деловна средина во Општина Берово.
