ООУ ,,Никола Петров Русински” го одбележува патрониот празник

Пред бистата во училишниот двор на ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново, денеска се одбележува 148 годинишнината од раѓањето на Македонскиот борец Никола Петров Русински.
Се поклонивме пред неговата биста и положивме цвеќе, во знак на висока почит на македонски патриот, револуционер и борец за национална и социјална слобода на Македонија и еден од најпознатите бунтовни Малешевци.
После полагањето на цвеќе, следуваше културно уметничка програма, која ја отвори директорот на училиштето, Илија Алаѓозовски и низ кратка презентација ги истакна проектите, кои се реализирани во изминатиот период во училиштето и постигнувањата на училиштето.
Во чест на денот, беше распишан ликовен и литературен конкурс, на кој наградени беа:
Прва награда за најдобра поетска творба, доби Михаела Костевска.
Втора награда за најдобра поетска творба, доби Јана Милошовска.
Прва награда за најдобра ликовна творба, доби Клара Калпаковсака.
Втора награда за најдобра ликовна творба, доби Алексија Буровска.
После тоа, со свои точки, се претставија мандолинскиот оркестар и неколку танцови групи а беа изведени и неколку рецитали во чест на делото на Никола Петров Русински.
Слава му на херојот, Никола Петров Русински, на кој цела Македонија му беше роден крај
Горе