Одбележана неделата на грижа за стари лица

Под мотото ,,Ние сме нивни деца”,  во периодот од 20-24 ноември, во Берово се одбележува Неделата за грижа за стари лица.

Корисниците од Домот за стари во Берово, денеска ги посети Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој посака, секој ден да расте грижата за старите лица, секојдневно да се грижиме за подобрување на условите за живот, да внесуваме нови содржини и да ги унапредуваме  условите за живот на старите лица.

Низа  активности и организирани посети, се спроведуваат во ОЈУСЗСЛ д-р,,Иван Влашки “, каде што со различни културно уметнички точки, се подига свеста за грижата на старите лица.

Активностите за подигање на свеста, на населението за правата и потребната грижа и помош на старите лица, се остваруваат во соработка и поддршка од Општина Берово и институциите на локално ниво.

Во рамките на одбележување на оваа недела, станарите во Домот за стари лица ги посетија Директорот, ученици и вработени во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски “,  кои имаа свој настап.

Вистинско уживање за корисниците на услугите, беше културно уметничката програма подготвена од Дом на културата ,,Димитар Беровски”, кои заедно со вработените и Директорот им посветија посебно внимание на старите лица сместени во ОЈУСЗСЛ д-р,,Иван Влашки “ -Берово.

Бројните реализирани активности и грижата во домот, се секојднeвна работа на вработените во Домот за стари лица и показател дека старите лица, се рамноправни граѓани во општеството и дека сите ние, вистински се грижиме за нив.

Искуството  и мудроста на старите лица, ни овозможуваат на сите нас, полесно да се справуваме со секојдневните предизвици и полесно да ја оствариме поставената цел и затоа со должна почит им се обраќаме на старите лица и се грижиме за секој ден, да им биде поубав.

Горе